И утре сончево време, попладне дожд и грмежи

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне во планинските делови со малку зголемена облачност. На запад од земјата ќе има услови понекаде за краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 24 до 32 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во наредните два дена, четврток и петок, ќе преовладува претежно сончево време и малку потопло со мала облачност. За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален дожд. Во сабота ќе има и појава на грмежи, претежно во планинските делови од земјата. Со слично време ќе започне и следната работна недела.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
