Македонија
17. December 2019 - 12:39

И Струмица блесна во новогодишен сјај

 

– Петнаесетметарска елка, светлосно небо, мрежи, топки, светлосни елки и светлечки мрежи на палмите и дрвјата ја красат Струмица пред новогодишните и божиќните празници. Украсувањето чини околу 35 илјади евра, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Градот ќе остане во новогодишно руво до почетокот на март идната година, кога завршуваат карневалските празнувања. Главната манифестација, Интернационалната карневалска вечер, треба да се одржи на 29 февруари