Фудбал
8. October 2019 - 11:26

И Србија воведува ВАР-технологија

Се почестите напади на судиската арбитража ја принуди ФФ на Србија да воведе ВАР-технологија во домашното првенство со цел да се надмине кризата која е особено силна на релација помеѓу двата најголеми клуба Ц.Звезда и Партизан.

Токму поради тоа, комисијата на ФСС на чело со Милан Караџиќ во најбрз можен рок ќе ги посети УЕФА и ФИФА, за да добие насоки како да ја спроведе видео-технологијата на терените, со цел судиите да имаат помош додека судат во најквалитетниот шампионат.
Засега нема најава за воведување ВАР технологија во македонскиот фудбал.