И СПЦ ќе одбележува 1.000 години Охридска архиепископија

Српската православна црква годинава ќе ја одбележи илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, се наведува во соопштението издадено по годишното заседани на Светиот архиерески собот на СПЦ што се одржа во Пеќката патријаршија и во Белград ов 29 април до 10 мај.
Во соопштението се посочуваат одлуките и темите за кои ова највисоко тело на СПЦ расправало, а не изостанаа ниту МПЦ и Македонија.
- Во рамките на подготовките за прослава на 800 години од самостојноста (афтокефалноста) на Српската православна црква во 2019-2020 година, Соборот на СПЦ одлучи во текот на оваа година молитвено и достоинствено да се одбележи и илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, се вели во соопштението потпишано од портпаролот на СПЦ, епископот бачки Иринеј.
Во соопштението се наведува и дека „се поздравува правосилната одлука на Големиот совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се констатира дека властите на Поранешната Југословенска Република Македонија ја прекршиле меѓународната конвенција за човековите права и слобода на религијата и совеста, одбивајќи да ја регистрираат канонската Охридска архиепископија.“
Во делот каде се споменува односот на СПЦ со останатите православни цркви, се наведува дека тој е беспрекорен „со тажен исклучок на однесувањето на Романската православна црква и бесмислената иницијатива на Бугарската патријаршија, која неповикано и неканонски се вмешала во решавањето на прашањето на статусот на расколничката „Македонска православна црква". Во овој контекст, Соборот ја изразува и својата целосна солидарност и братска љубов, на маченичката сестринска црква во Украина, која е изложена на најгрубо гонење од страна на сегашниот режим во Киев.“
Во соопштението од Соборот на СПЦ се истакнува и дека „односите со Римокатоличката црква, реформаторските цркви и екуменските организации се коректни и конструктивни, што, за жал, не важи за односите со Хрватската бискупска конференциа, во која покрај добронамерните епископи кои дејствуваат во духот на Вториот ватикански совет, постојат за жал и добар број бискупи на неприкриена проусташка ориентација и усташоидна реторика.“
Покрај познатиот став за Косово, СПЦ се осврнува и на Црна Гора, каде во соопштението се констатира дека „особено е алармантна состојбата во Црна Гора, каде што државниот апарат спроведува дискриминаторска кампања против легитимната Митрополија на црногорско-приморската и на Будимљанско-Никшиќката Епархија, фаворизирајќи ја безначајната („црногорска“) секта на Мираш Дедеиќ, истовремено вршејќи постојан притисок врз српскиот народ наметнувајќи му го црногорскиот национален идентитет.
И покрај најавите и широката дебата во Србија, СПЦ не успеа да го донесе новиот црковен Устав, одлагајќи го неговото носење за наредната година.
Ново на Сител
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
