Фудбал
17. August 2017 - 8:57

И шпанскиот Супер куп за Реал Мадрид

За осум дена Реал Мадрид освои два Супер купа, најпрвин оној на УЕФА, а потоа и шапнскиот.
По триумфот во Супер купот на УЕФА во Скопје, европскиот и шпански првак синоќа и во реваншот од шпанскиот Супер куп по вторпат ја совлада Барселона и ја освои титулата.
„Кралскиот клуб“ победи со 2:0 со головите на Марко Асенсио во 4.минута и на Карим Бензема во 39.минута. Реал со вкупни 5:1 беше подобар од ривалот откако на првиот дуел победи со 3:1 на гости.
Фудбалерите на Реал Мадрид со резултатите кои ги постигнуваат соборија многу рекорди. Тие на синоќешниот натпревар по 68.ми пат во низа постигнуваат гол што претставува европски рекорд, а единствено тимот на Сантош од Бразил има подолга серија од 74 натпревари.
За Зинедин Зидан и неговата екипа останува и можноста да освојат шест трофеи во светскиот клупски фудбал, резултат што го има постигнато само Барселона под водство на Пеп Гвардиола.