-->
-->
И Мурињо го сака Нејмар?!
-->
Манчестер јунајтед се подготвени да дадат сензационални 200 милиони фунти за да го „вдомат“ несреќниот Нејмар од Пари Сен-Жермен, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.
Ова не е првпат Јунајтед да се споменува во врска со можен трансфер на Нејмар, бидејќи тоа е еден од ретките клубови кои се подготвени да дадат толку пари за трансфер, но и да ја плаќаат неговата плата од речиси 40 милиони евра годишно.
Според „Мирор“, од Јунајтед веќе му порачале на Бразилецот дека се подготвени да влезат во „војна“ со Реал Мадрид за неговиот потпис ако тој реши да замине ова лето, а свој „адут“ имаат во Нејмар Сантос Сениор, таткото на 26-годишната ѕвезда. Тој е голем навивач на Јунајтед и би сакал неговиот син еден ден да игра за клубот.
Оваа недела во Франција имаше шпекулации дека таткото на Нејмар му дал задача на супер-агентот Пини Захави да му организира трансфер во Реал Мадрид, но од Пари Сен-Жермен велат дека е „1000 отсто“ сигурно дека тој ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Останува да се види дали и во оваа шпекулација има некоја вистина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час