Македонија
6. February 2020 - 16:40

И кондовецот Агим Красниќи побегна од штипскиот затвор

Агим Красниќи е во бегство. НА два месеци пред изборите, осудениот за изборни нерегуларности по добиениот викенд на слобода не се вратил во затворот во Штип. Вечерното пребројување на затворениците покажало дека покрај Крсниќи, празна останала ќелијата и на уште еден осуденик чиј идентитет затворската управа не го открива

Директорот на затворот во Штип вели дека Красниќи бил примерен затвореник и веќе 3 години користел викенди и редовно се враќал да си ја долежи казната

Агим Красниќи во 2008 доби 15 години затвор откако беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности.

На управата за санкции од лани и фали уште еден затвореник од висок профил откако Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски не се врати во Идризово по крајот на  отсуството кое го доби поради здравствени причини. Од тогаш до денеска по него се трага со меѓународна потерница.