И искусните возачи ќе се збунат: Што значи овој знак?!

Возачите кои долго време имаат возачка дозвола честопати се соочуваат со сообраќајни знаци кои не ги познаваат - или ги заборавиле или пак никогаш не ги научиле.
Меѓу нив се и оние кои даваат информација за престанокот на важењето на некои наредби.
Ваквите знаци всушност ги одбележуваат местата на патот, каде што престануваат да важат одредени ограничувања и забрани, кои важеле пред тоа место.
Во продолжение, погледнете ја низата на вакви сообраќајни знаци, меѓу кои последниот е оној на кој многу малку возачи му го знаат значењето.

Последниот сообраќаен знак во низата всушност покажува дека престанува важноста на сите претходни забрани и ограничувања. Од местото на кое е поставен па натаму не важи ниту една од претходните наредби наметнати за возачите.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
