Фудбал
2. July 2018 - 10:13

И Ибра се израдува на доаѓањето на Џејмс

Фудбалерот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ, на впечатлив начин му посака добредојде на Леброн Џејмс во Лос Анџелес.

Најдобриот кошаркар во светот договорил четиригодишна соработка со една од најпознатите франшизи во НБА-лигата, ЛА Лејкерс.

На социјалните мрежи Ибрахимовичќ му посакал добредојде на „Кралот Џејмс“.

„Сега ЛА има и бог и крал“, напишал Златан под својата и фотографијата на Леброн.

Инаку, покрај со Џејмс, Лејкерси договориле соработка и со Ленс Стивенсон, а се очекува во тимот да пристигне и најдобриот дефанзивец во лигата, Кавај Ленард од Сан Антонио Спарс.

Ново на Сител