Македонија
31. January 2019 - 16:37

И Германија даде зелено светло за потпишување на протоколот за членство на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг очекува сите земји членки наскоро да го потпишат пристапниот протокол и Македонија да добие столче во Алијансата, за почеток без право на глас. Тој од Букурешт ги пофали Ципрас и Заев за храброто лидерство и порача дека врме е да се свртиме кон иднината.

Откако сите 29 земји ќе го ратификуваат протоколот, ќе бидеме во можност да и поскаме добредојде на Република Северна Македонија како наша 30 членка

По Софија,  денеска и валадата во Берлин се согласи да го потпише протоколот за пристапување на земјата во Алијансата. 

„Ние сме убедени дека пристапот на Северна Македонија кон НАТО ќе претставува придонес за безбедноста и стабилноста не само во евроатлантскиот простор и нема да ја зајакне само трансатлантската заедница, туку тој ќе биде важен импулс за понатамошно стабилизирање на Западен Балкан. Значи, тоа навистина е добра вест за Европа и за трансатлантската алијанса“,објави  портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Што се однесува до германската поддршка за евроинтегративниот процес, од германската влада посочија дека за Европскиот Совет најрано во јуни ќе одлучи дали ке почнат преговорите за членство во  ЕУ, а  основен критериум ке биде  напредок во  реформскиот процес, борбата против организираниот криминал и корупција.