И Египќаните бараат да бидат внесени во Преамбулата од Уставот
Египќаните од Македонија преку своите здруженија испратија барање до Владата и премиерот Димитар Ковачевски да бидат внесени во Уставот, односно, во нацрт-амандманот за промена на Преамбулата да се внесе и заедницата на Египќаните и да стои „дел од еѓипќанскиот народ
Египќанската заедница подолго време бара да биде внесена во Преамбулата, каде освен македонскиот народ се споменати Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите и Бошњаците. Периодов е актуелна можна промена на преамбулата на Уставот, каде заради бугарските барања кон Македонија се очекува во Преамбулата да бидат внесени Бугарите како заедница, а државниот врв најавува дека освен нив ќе бидат впишани и Хрватите и Црногорците, затоа што подолго врмее тоа го бараат, но Египќаните никој не ги споменува.
Според пописот од 2021 година, во Македонија живеат 3.504 Бугари, 2.406 Египќани, 2.145 Хрвати, 1.023 Црногорци итн.
Потсетувајќи дека заедницата на Египќаните во Македонија е автохтона на Балканот, со свој артикулиран идентитет и самосвест, со значајни траги во материјалното и културното наследство, како и тоа дека припадниците на оваа заедница почнувајќи од Илинденското востание, преку Вториот Илинден и третиот Илинден, го дале својот конструктивен придонесза развојот на нашата држава. Исто така, тогашниот пратеник Рубин Земон, припадник на заедницата на Египќаните, во 2019 година гласаше за уставните измени, како и во 2020 годиа за влез на Македонија во НАТО – се вели во барањето на здруженијата на Египќаните во Македонија.
Тие се повикуваат на Повелбата на Обединтетите нации, Општата декларација на правата на човекот, завршниот акт на ОБСЕ, Конвенцијата на Советот на Европа и други меѓународни документи.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска