-->
-->
И без Вардар и Металург силен турнир во Струга
-->
Во Струга од 12-15 август ќе се одржиа 43-от меѓународен турнир во ракомет „Струга 2015”, со што градот Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа, а со тоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на денешната прес конференција потенцираше дека АМС продолжува финансиски да ги поддржува ваквите манифестации.
Агенцијата за млади годинава од својот буџет одвои 500.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на овој турнир, а Владата на Република Македонија почнува со реновирање на отвореното игралиште во Струга и како прва фаза ќе ја изгради Јужната трибина која ќе биде со капацитет од околу 1.300 седишта, за во втората фаза да се оспособи Северната трибина, по што следува нивно покривање.
Спасески очекува силни и квалитетни натпревари кои ќе бидат од корист и на македонските играчи.
- Струга е колевката на македонските ракометни таленти кои преку своите игри се наметнуваат и стигнуваат до сениорската репрезентација. Доволно е само да ги споменам имињата на стружаните Наумче и Златко Мојсоски, Веле и Никола Маркоски, Аце Јоновски, Гоце Ојлески, Марко Нелоски и Никола Костески. Очекувам оваа нишка со репрезентативци да продолжи и понатаму. Екипите кои оваа година ќе учествуваат на турнирот доволно говорат за квалитетот и реномето на ова натпреварување, потенцира директорот на АМС.
За трофејот ќе се борат Бешикташ од Турција, Бенфика од Португалија, Сесон од Франција, Ал Замалек кој е шампион на Египет, вице-шампионот на Романија – Динамо Букурешт, а од македонските претставници годинава за прв пат учествува Зоми Мак од Струмица. Екипата на домаќинот РК „Струга”, ќе остане доследна на традицијата и ќе одигра и годинава ревијални натпревари.
Спортскиот директор на турнирот Сашо Србиноски соопшти дека македонскиот шампион Вардар ја одбил поканата за учество со образложение дека веќе договорил учество на турнир во Србија, додека од таборот на ланскиот победник Металург не добиле официјален одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово