Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира.
Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.
Јеменските бунтовници на почетокот од месецот соопштија дека ќе продолжат да ги напаѓаат само израелските бродови во Црвено Море.
Ново на Сител
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
-
Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час