Хурем нема среќа во љубовта, уште еден вереник ја остави на цедило
Мерјем Узерли, турската актерка која се прослави по улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ ја раскина веридбата со милионерот Алпо Озчан.
Мерјем го запозна Алпо, кој е сопственик на компанија за изнајмување на луксузни јахти, минатата година на една журка во Истанбул. Љубовта пламна, а турскиот богаташ веднаш ја прифати и двегодишната ќерка на актерката Лара.
Озчан поради Мерјем се пресели од Турција во Берлин, каде заедно живееја во раскошна вила. Турските медиумите сега пишуваат дека Хурем, на почетокот од месецот ја раскинала деветмесечната врска иако се шпекулираше дека двојката ќе се венча.
Турската актерка нема среќа во љубовта.
Да потсетиме, Мерјем ја остави поранешниот вереник Кан Атеш веднаш што таа забремени и побегна од Турција со 20 милиони евра.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!