Хуманост на дело во Скопје: Ти пратив порака, ќе ти ставеа „канџа“
Никој не сака автомобилот да му биде кренат од пајак службата или пак да си го најде возилото со блокатор на тркалото заради неплатено или непрописно паркирање. Од вакво нешто денеска се спасил еден возач во Скопје, кој единствено добрината на негов сограѓанин го спасила да не мора да плати казна.
Непознат жител видел дека контролорите тргнале да му ставаат блокатор на автомобилот, популарно познат како „канџа“, па за да го спаси сопственикот на возилото од казна, пратил порака за парирање за возилото.
-Ти пратив порака, ќе ти ставеа канџа. Направи го и ти ова за некој друг некогаш, гласи пораката која му ја оставил на сопственикот на автомобилот.
Фотографијата брзо почна да се шири на социјалните мрежи и предизвика голем број на позитивни коментари за ова дело.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование