Хуманитарните работници и новинарите ја напуштаат североисточна Сирија
Странските хуманитарни работници и новинарите денеска во голем број се собраа на граничниот премин Семелка, на границата меѓу Сирија и Ирак, за да ја напуштат сириската територија, јавија американските медиуми.
Нивното заминување од Сирија се должи на турската офанзива, што почна минатата недела, но и на враќањето на единиците на сириската влада во регионот, што во последните неколку години беше управан од практично автономните курдски власти, пренесе БТА.
И покрај тоа што малку организации имаат издадено официјални соопштенија, се чини дека сите странски хуманитарни работници ќе си заминат. Десетици странски новинари кои известуваат за турската офанзива, исто така, си заминале од страв да не паднат во мрежата на владините безбедносни сили.
Припадник на меѓународна хуманитарна организација на граничниот премин Семелка изјави дека речиси сите 250 странски хуманитарни работници во североисточна Сирија ја напуштаат земјата.
Курдската администрација се обидува да ја смири загриженоста на странците, сооопштувајќи дека спогодбата за враќање на сириските владини сили е чисто воено прашање, и дека цела администрација ќе продолжи да работи со вообичаениот ритам, вклучувајќи ја и работата на границата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација