-->
-->
Хуманитарни пакети за 110 социјално загрозени граѓани во Карпош
-->
Општина Карпош денеска додели 110 хуманитарни пакети на социјално загрозени граѓани. Пакетите ги врачи градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски.
Станува збор за пакетите кои се собрани од акцијата „Да бидеме хумани за нашите соседи", спроведена минатиот викенд пред 12 поголеми маркети во Карпош.
- Се трудиме во текот на годината вакви пакети да обезбедиме барем во три наврати, за Велигден, за Божикните празници и за Денот на Општината. Освен ваквиот начин на помош, се трудиме да излеземе во пресрет и за други потреби кои ги имаат оваа категорија граѓани, изјави Јакимовски.
Хуманитарни пакети денеска се делеа во урбаните заедници „Карпош 2", „Владо Тасевски" и „Влае 1" .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата