Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа денеска во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Трите европски земји, исто така, го повторија својот повик за ослободување на израелските заложници во Газа и за разоружување на Хамас. Тие додадоа дека цврсто се спротивставуваат на секој обид за наметнување на израелски суверенитет над окупираните палестински територии.
„Заканите за анексија, изградбата на израелски населби и актите на насилство извршени од израелските доселеници против Палестинците ги компромитираат изгледите за договорено решение кое предвидува коегзистенција со две држави“, предупредија Франција, Германија и Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
