Хуманитарна работилница за изработка на новогодишни декорации
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организира хуманитарна работилница за изработка на новогодишни декорации во рамки на иницијативата „Петок за млади @ФИТР“.
Студенти од Факултетот за дизајн и мултимедија од универзитетот ФОН во улога на ментори, заедно со учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ меѓу кои ќе има и дечиња со посебни потреби, ќе изработуваат новогодишни украси, честитки и слики.
На работилницата, покрај директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, ќе се вклучат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче кои заедно со нив ќе изработуваат различни видови новогодишни украси и декорации кои потоа по пат на аукција ќе се продаваат во хуманитарни цели. Собраните средства, ќе им бидат донирани на овие две министерства за реализирање на приоритетни активности.
– Фондот продолжува со одржување на иницијативата „Петок за млади @ФИТР“ со цел да им обезбеди на младите поинаква средина од вообичаените училници и да ги поттикне да размислуваат критички и креативно, во насока на развивање сопствени вештини и знаења, но и да се поттикне свеста за социјална одговорност и поддршка на ранливите категории граѓани, се вели во соопштението од Фондот за иновации и технолошки развој.
Ново на Сител
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни