Хуманитарна акција за новогодишни пакетчиња во Крива Паланка

Кривопаланчани денеска имаа можност да ја покажат својата хуманост донирајќи артикли за формирање новогодишни пакетчиња за дечињата од руралните средини во општината.
Акцијата е дел од Програмата за Промоција на хумани вредности на Општинската организација на Црвен Крст, Крива Паланка, а ја реализираа волонтерите од Клубот на млади.
- На пет собирни пунктови пред поголемите маркети во градот беа распоредени дваесетина волонтери кои ги собираа хуманитарните прилози од граѓаните, прехрамбени продукти или финансиски средства. Акцијата е насловена „Хуманоста пред се“, пунктовите беа отворени од 10 до 15 часот, а Паланчани масовно се одѕваа и помогнаа да формираме што поголем број пакетчиња. Право на среќа има секое дете, да помогнеме да не биде ускратено никому. Со оваа акција подаваме рака, даруваме за да создадеме што повеќе насмевки, изјави Петар Ѓошевски, координатор на млади волонтери при ОО Црвен Крст, Паланка.
Собраните продукти и финансии се наменети за пакетчиња кои ќе бидат доставени до децата од семејствата од руралните средини во општина Крива Паланка, а Ѓошевски рече дека со дарувањето пакетчиња се дарува и љубов која на овие дечиња, нагласи, ќе им ги згрее срцата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
