-->
-->
Хуманитарна акција на кумановскиот Црвен крст
-->
Волонтерите на кумановската организација на Црвениот Крст изработуваат новогодишни украси кои од денеска ќе почнат да ги продаваат на граѓаните на фреквентни места во Куманово на плоштадот, зелените пазари, трговските објекти, супермаркетите. Рачно изработените украси ќе се продаваат по симболична цена, а собраните средства од претпразничната хуманитарна активност ќе бидат доделени на социјално ранливи категории граѓани.
- Ова е традиционална активност која има за цел да ја поттикне хуманоста и солидарноста, изјави Ива Младеновска, стручен соработник во кумановскиот Црвен Крст.
Од клубот на млади од кумановскиот Црвен крст информираа дека во активноста вклучени се и основци и средношколци од градот. Изработката и продажбата на новогодишни украси и честитки, Црвениот Крст ја спроведува секоја година, а собраните средства се доделуваат на различни социјално ранливи категории граѓани, самохрани родители, лица со попреченост, стари и изнемошени, приматели на социјална парична помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка
-
Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство
-
Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија