Хуман третман на пациенти со болести на очите во „Деница“
Специјализираната болница по офталмологија „Деница“, по повод 100 дена од своето работење, им излезе во пресрет на пет пациенти кои побарале помош поради проблеми со видот, настанати од различни причини и болести на очите. Иако болницата, сé уште, не склучила договор со Фондот за здравствено осигурување, четворицата пациенти се оперирани само со партиципација за операции кои чинат по околу две илјади и петстотини евра.
Еден од пациентите кај кој била утврдена дијагнозата – ретинопатија со крварења и одлепувања на задниот сегмент на окото - што предизвикува целосно губење на видот, го оперира доктор Наум Трпеноски. Дел од тимот на професионалци на Деница, е и докторката Виолета Бучкоска, специјалист по офталмологија, која како експерт во хирургијата на задниот сегмент на окотот (ретина) ги изврши операциите на останатите пациенти: Б.Д, К.Ѓ, П.П и М.Б, меѓу кои и мајката на познатиот албански актер Генци Мирзо.
Предводникот на тимот на Деница, доктор Наум Трпеноски, по повод 100 дена од работењето на болницата, меѓу другото, ја опреми болницата со уште еден нов апарат за операции на предниот и задниот сегмент на окото – Geuder Megatron S4 од Хајделберг, Германија.
- По само 100 дена од нашето работење, имавме слух за потребите и маките на пациентите. Како најголема инвестиција во македонската офталмологија овој јубилеј го одбележавме на тој начин што им помогнавме на пациентите на кои нашата помош им е многу потребна, а кои финансиски не се во можност да се оперираат приватно. Затоа одлучивме на пациентите со најтешки дијагнози кои се обратија за помош да им овозможиме да гледаат подобро за да живеат подобро, што е всушност и мотото на Деница“, изјави доктор Трпеноски.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот