Хрватските опозиционери кои ја поддржаа пресудата на Хаг добиле смртни закани

Претениците од опозицијата на Хрватска, кои ја поддржаа пресудата на Хашкоит трибунал за лидерите на босанските Хрвати, наведоа денеска дека добиле смртни закани.
Хрватскиот опозициски пратеник Горан Беус Рицхемберг објави на неговиот Фејсбук профил дека откако одбил да му оддаде почит на Слободан Праљак, кој вчера по изрекувањето на неговата пресуда испи отров во судница и почина, добил закани меѓу кои и: „Никој не може да ти помогне сега, почни да се молиш“ и „Ќе ти ставам девет милиметри меѓу твоите очи, кучко“.
Рицехемберг претходно посочи дека неговата партија Глас нема да учествува на едноминутното молчење за Праљак.
Неговата сопартијка, поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ исто така добила закани.
Пусиќ изјави дека пресудата е резултат на погрешна хрватска политика во деведесетите години, кога тогашните лидерите се обидувале да ја разделат Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
