Хрватските хулигани сместени во најозлогласениот затвор на Балканот!
Хрватските медиуми октрија детали за затворот во Белград во кој се затворени хрватските хулигани, кои ја започнаа тепачката на трибината кај „гробарите“ за време на дуелот помеѓу Партизан и Црвена Звезда.
По првичните испитувања, поторицата хрватски хулигани се префрлени во Окружниот затвор во Белград. Овој затвор е познат како Централен затвор или ЦЗ. Тоа е најголем истражен затвор на Балканот со површина од повеќе од 60 илјади квадратни метри во кој ходниците имаат вкупна должина од 14 километри. Во ќелиите моментално се сместени околу 1.000 затвореници
Блоковите на затворот гледани од воздух имаат облик на решетки и е невозможно да се побегне. Со копање на тунел се доаѓа до соседната ќелија, ходникот или во најдобар случај се доаѓа до шеталиштото кое опкружено со високи згради. Во затворот владеат многу тешки услови и сигурно строги непишани правила помеѓу затворениците. Прекршувањето или непочитувањето на правилата најстрого се казнуваат и тоа не од страна на чуварите, туку од лидерите во затворот, кои се најугледните и најбруталните затвореници.
Ќелиите се свртени една кон друга, а излезот е кон ходникот, поради тоа до нив не допира ниту свеж воздух, ниту пак сончева светлина. Во зимно време ни топлина. Затворениците се греат низ малите отвори од вратите на ќелиите преку кои влегува малку топлина од греалките кои се наоѓаат во ходникот.
Најстрашно од се во затворот се самиците. Простории во кои завршуваат они екои ги прекршуваат правилата во затворот. Според сведочењата на тие кои биле во самиците во ЦЗ, велат дека тоа се посебно ужасни места полни со влага и стаорци.
Според најавати, на хрватските хулигани ги чека сериозна затворска казна од 12 години.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура