Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.
Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.
На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место.
На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“. Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот.
Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.
По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми туку со маневарска муниција.
Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.
Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
