Хрватскиот министер за одбрана во посета на Косово
Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ допатува денеска во Косово, каде што со државни почести беше пречекан од косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти косовското МО, првично двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе биде потпишан договор за соработка во областа на одбраната меѓу двете земји. Најавена е и средба на делегациите на двете земји.
Баножиќ ќе го посети седиштето на операцијата на НАТО во Косово, КФОР и ќе се сретне со припадниците на хрватската војска во рамките на таа мисија.
За време на дводневна посета на Косово, Баножиќ ќе го посети и Јањево, каде што живеат мнозинството припадници на хрватската заедница во таа земја и ќе се сретне со челниците на Хрватското здружение „Свети Никола“.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија