Балкан
4. January 2021 - 8:28

Хрватски сеизмолог: Многу мала веројатност за нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје

Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.

Тој за РТЛ синоќа изјави дека згрепските и петрињските  раседи не се директно поврзани во смисла дека движењето на едното директно ќе го поттикне движењето на другото.

Тој објасни дека земјотресите во таа област постојано се случуваат и дека не постои начин да се предвиди дали еден или неколку земјотреси што се случиле во иста епицентрална област значат почеток на серија и дека ќе следи некој посилен земјотрес.

– Потребно е време и многу енергија за да се генерира земјотрес со толкава јачина. Сега имаме многу причини да веруваме и многу е веројатно дека тоа што се случи сега го потроши огромното мнозинство енергија и дека е многу малку веројатно дека ќе се случи уште еден таков земјотрес. Истото важи и за загрепската област, изјави Кук.

Ново на Сител