Хрватски сеизмолог: Многу мала веројатност за нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје
Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.
Тој за РТЛ синоќа изјави дека згрепските и петрињските раседи не се директно поврзани во смисла дека движењето на едното директно ќе го поттикне движењето на другото.
Тој објасни дека земјотресите во таа област постојано се случуваат и дека не постои начин да се предвиди дали еден или неколку земјотреси што се случиле во иста епицентрална област значат почеток на серија и дека ќе следи некој посилен земјотрес.
– Потребно е време и многу енергија за да се генерира земјотрес со толкава јачина. Сега имаме многу причини да веруваме и многу е веројатно дека тоа што се случи сега го потроши огромното мнозинство енергија и дека е многу малку веројатно дека ќе се случи уште еден таков земјотрес. Истото важи и за загрепската област, изјави Кук.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу