Хрватската полиција откри детали за апсењето на големата група шверцери на кокаин
Хрватската полиција денеска треба да ги открие деталите за големата меѓународна операција во рамките на која беа разбиени шверцери на кокаин.
Полицијата со медиумите сподели фотографии и видео снимки од акцијата против групата предводена од Стјепан Прњат при што беа запленети 100 килограми кокаин пренесени до градот Ријека од Јужна Америка.
- Колегите од Словенија, Германија и Холандија водеа паралелни истраги. Американската ДЕА отвори регионална канцеларија во Загреб, а ни помогнаа и полициите на Шпанија, Италија и Австрија, изјави Анте Гудељ, началник на хрватската криминалистичка полиција.
Дрогата била скриена во 20 тони метален отпад, херметички затворена и обложена со крпи. Освен кокаинот, биле запленети и 145 килограми марихуана, 70.000 кутии цигари и пари. Вкупно се уапсени 13 лица во паралелни акции во Ријека, Загреб, Мали Лошињ, Франкфурт, Амстердам и Љубљана.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето