Хрватската донесе одлука да ја активира армијата во Загреб
![]()
Хрватската Влада донесе одлука веднаш да ја активира армијата со цел да помогне во справувањето со последиците по големиот земјотрес во Загреб, јави дописникот на МИА.
– Сите се активирани и дадоав наредба армијата да дојде во Загреб. За неколку часови таа ќе биде веќе на улиците на главниот град и ќе им помогне на граѓаните и спасувачките служби, изјави министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ пред состанокот на државниот врв, каде што се разгледува ситуацијата по земјотресот во главниот град.
Моменталната епидемија со коронавирусот ја прави цела ситуација дополнително компликувана, па затоа потребно е да им се помогне на граѓаните во многу специфични услови.
Од Цивилната заштита информираат дека сите служби кои им се на располагање веќе се на терен и помагаат во санирањето на последиците од потресот.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
