Хрватска приговара за странските војници на границата со Унгарија

Хрватска има приговори кон помошта на Чешка за заштита на надворешните граници на Шенген зоната во Унгарија, јавија локалните медиуми.
- Јас тоа не го гледам како пријателски гест. Доколку сакаат навистина да помогнат би требало да испратат луѓе на грчко-турската граница или во Македонија, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ во врска со распоредувањето на странски војници на унгарско-хрватската граница.
Унгарија на границата со Хрватска и со Србија постави бариера која треба да спречи масовна миграција.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Чешка во Унгарија на два месеци, испрати 21 чешки војник како логистичка поддршка за заштита на надворешната граница на ЕУ и шенгенскиот простор. На барање на Унгарија и Словачка испрати 50 полицајци за заштита на унгарско-српската граница.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
