Балкан
1. August 2021 - 15:28

Хрватска погодена од силна бура

Бура денеска го погоди подрачјето на Сисачко-мославачка жупанија, ветерот предизвика материјална штета во Сисак, Петриња, Глина, Кутина и Хрватска Костојница.

Силниот ветер корнеше дрвја и оштети домови, автомобили и други објекти, а сообраќајот се одвива отежнато.
Невремето предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку населени места.

Според метеоролозите следната недела Хрватска ја очекува променливо облачно и несатбилно време.