Тенис
25. November 2018 - 16:58

Хрватска по вторпат го освои тенискиот Дејвис куп

Репрезентацијата на Хрватска по вторпат  ја освои титулата во Дејвис купот откако во финалето во Лил ја совлада домашната Франција со 3-1.  Последниот поен го обезбеди Марин Чилиќ со убедлива победа од 3-0 против Лукас Пуј.  Хрватска доминираше во индивидуалните дуели  каде победи покрај Чилиќ оствари и Борна Чориќ.  Од следната сезона ќе се игра светско првенство во Мадрид по турнирски систем како фудбалските мундијали.