Балкан
8. November 2016 - 9:52

Хрватска: Орешковиќ уште една година ќе добива плата од буџетот

Поранешниот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ, откако му заврши мандатот, побара и доби од буџетот да му се исплаќа шест месеци цела и шест месеци половина плата. 

Според информациите од Владата во Загреб, кои ги доби „Нова ТВ“, шест месеци цела и шест месеци половина плата одредени се и за шефот на кабинетот на Орешковиќ, Невена Зелиќ и поранешните министри Бернарди Јуретиќ и Дарија Накиќ. 

Надоместот го примаат по старите прописи, пред неодамнешните законски измени кои ги направи Мост.

Орашковиќ, за првите шест месеци, ако не најде работа како што најави претходно, ќе добива по 3.000 евра месечно, а следните шест половина од тој износ.