Балкан
16. December 2019 - 15:18

Хрватска: Од 2021 година национална пензија од 800 куни за постарите од 65 години без приходи

Лицата постари од 65 години, кои немаат приходи, ниту имот, од 2021 година треба да добијат во Хрватска национална пензија од 800 хрватски куни месечно (107 евра).

Министерството за труд и пензискиот систем работи  за да донесе нов закон за националните пензии, за што оваа недела работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери исто така треба да се изјаснат оваа недела.

За време на последната парламентарна изборна кампања, ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари, и ќе биде донесен по редовна постапка.

Дали за новото право за над 65-годишниците, кои немаат услови за редовна пензија, ќе се нарече национална пензија или на друг начин, ќе одлучува работната група пред која ресорното министерство ќе излезе со три можни опции.

Според секоја од нив, националните пензии (или државни бенефиции за стари лица, социјални пензии, додаток за заштита на стари лица) ќе бидат воведени од почетокот на 2021 година, а тие ќе имаат право на хрватските граѓани кои имаат најмалку 20 години постојан престој во Хрватска. Значи, за да има право на државна пензија на Хрватска на возраст од 65 години, мора да живеете во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно, и во зависност од критериумите, меѓу 8000 и 22.000 граѓани без никаков друг приход може да сметаат на неа.