Хрватска: На возачот на косовскиот автобус му се заканува затворска казна од 15 години
Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.
Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката за утврдување на идентитетот на уште двајца загинати продолжува. Во полициското соопштение се наведува дека за возачот, 52-годишен косовски државјанин, кој е осомничен, е поднесена кривична пријава поради сомнеж за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка.
Досега полицијата утврди дека возачот, кој управувал со автобусот со косовски национални регистарски ознаки, не се движел на среде обележаната сообраќајна лента, туку ја преминал тревната површина, а потоа автобусот се превртел странично. Во несреќата загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки телесни повреди, додека 30 лица со полесни повреди.
Ново на Сител
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром
-
Невреме во кумановско
-
Протест па штрајк во Пошта
-
Преглед на вестите од светот
-
Прегласувањето во Охрид тече непречено