Хрватска ќе продолжи да учествува во мировните мисии во странство

Хрватската влада одлучи да го продолжи учеството на хрватската војска во мировната мисија на Косово, поморската мировна операција на ЕУ во Сомалија и мировните мисии на ОН.
Хрватска учествува во мисијата на КФОР на Косово од 2009 година, а досега таму служеле 1.358 Хрвати.
„Предлогот е Хрватска да обезбеди до 60 лица воен персонал и до два хеликоптера на КФОР во 2023 и 2024 година“, изјави министерот за одбрана Марио Баножиќ на седница на Владата.
Хрватска ќе продолжи со учество во мировната операција на ЕУ – НАВФОР Сомалија АТАЛАНТА во следните две години со најмногу 25 воени лица.
Што се однесува до мировните мисии на ОН, до тројца припадници на хрватската армија ќе служат во Либан, петмина во Западна Сахара и деветмина во Индија и Пакистан.
Помеѓу двајца и петмина припадници на хрватската морнарица, исто така, ќе продолжат да учествуваат во активностите на Постојаната противминска група на НАТО. Тие ќе бидат приклучени на италијанската флота и ќе дејствуваат во Средоземното и Црното Море.
Баножиќ рече дека Хрватска, како одговорен член на меѓународната заедница, придава значење на учеството во мировните операции и мисии во странство, со што ќе придонесе за градење на меѓународниот мир и безбедност и за зајакнување на сопствените способности.
Одлуката за учество во мировните мисии мора да биде одобрена од хрватскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
