Хрватска има повеќе од 1,8 милиони автомобили
Во Загреб денеска, на Меѓународниот ден без автомобили, ќе се одржи традиционалното возење велосипед низ улиците на главниот град на Хрватска, чијашто цел е да се потикне толеранција и поголема сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот.
По тој повод, активисти на „Зелена акција“ во Хрватска изведоа перформанс со којшто, меѓу другото, покажаа колку простор зафаќа автомобил во споредба со пешак. Нивниот натпис со содржина „Толку простор за толку многу загадување“ послужи како порака за свесност.
– Бројот на автомобили и во Загреб и низ Хрватска секојдневно расте и тие зафаќаат сѐ повеќе јавни простори. Во цела Хрватска има над 1,8 милиони автомобили и тие зафаќаат вкупно 27 квадратни километри само за паркирање… Во Загреб има над 350.000 регистрирани автомобили, што ја прави ситуацијата неодржлива и повикуваме на поинаква сообраќајната политика, изјави Бернард Ивчиќ од „Зелена акција“.
Пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз треба да станат прифатливи и подостапни во градовите со цел да се намали загаденоста на воздухот, да се подобри општото здравје на населението и да се избегнат сообраќајни метежи и застои, истакнаа активистите во настапот на Централната станица во Загреб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
