Балкан
2. March 2020 - 14:30

Хрватска го поддржува европскиот пат на Тирана и Скопје

Хрватска го поддржува европскиот пат на Албанија и на Македонија и сака самитот во Загреб да стане пресвртница во односите меѓу Унијата и Западен Балкан за време на нејзиното претседателство со Европската унија, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман во Тирана.

-Главната тема на нашите разговори е европскиот пат на Република Албанија, рече Радман Грлиќ во албанскиот главен град Тирана, по средбата денеска со албанскиот колега Гент Цакај.

Денешната посета има цел да ја покаже „поддршка на Хрватска за овој пат“, истакна тој, додавајќи дека Загреб е посветен на започнување преговори без одложување.

Хрватска сака преговорите со Албанија и Македонија да бидат отворени за време на нејзиното претседателство со ЕУ, а „важен придонес“ на Хрватска за оваа цел ќе биде самитот на Советот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Загреб на 6-7 мај, нагласува министерот.

Самитот во мај ќе се одржи 20 години откако на загрепскиот беше отворена европска перспектива за Хрватска, потсети министерот Радман, кој сега очекува слична пресвртница за Тирана и за Скопје.

-Ние сакаме нашиот самит во Загреб да биде пресвртна точка во односите меѓу Европската унија и Западен Балкан, рече Грлиќ Радман кој денеска попладне теба да го посети и Скопје.