Хрват пакува „џебна" ракија

Еден загрепчанец започна да продава ракија во сувенирни пакувања од по 20 милилитри, кои ќе можат да се носат в џеб, пишува хрватски „Нови лист".
Градежниот инженер во пензија Златан Ребец во 2008 дошол до идеја да отпочне приватен бизнис и купил машини за производство и пакување влажни марамчиња.
Идејата за ракијата му дошла сосем случајно, додека размислувал што да прави со тие машини зиме, оти марамчињата повеќе се продаваат во летната сезона.
Ребец се консултирал со својот пријател Игор Магдиќ, кој прави ракија, и така дошле до заедничката замисла - да ја пакуваат како сувенир.
Пакетчињата содржат разни видови ракија - од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска" - од банани.
Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
