Хрват пакува „џебна" ракија
Еден загрепчанец започна да продава ракија во сувенирни пакувања од по 20 милилитри, кои ќе можат да се носат в џеб, пишува хрватски „Нови лист".
Градежниот инженер во пензија Златан Ребец во 2008 дошол до идеја да отпочне приватен бизнис и купил машини за производство и пакување влажни марамчиња.
Идејата за ракијата му дошла сосем случајно, додека размислувал што да прави со тие машини зиме, оти марамчињата повеќе се продаваат во летната сезона.
Ребец се консултирал со својот пријател Игор Магдиќ, кој прави ракија, и така дошле до заедничката замисла - да ја пакуваат како сувенир.
Пакетчињата содржат разни видови ракија - од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска" - од банани.
Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана.
Ново на Сител
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство