-->
-->
ХРВ ја обвинува Унгарија за малтретирање на мигрантите
-->

„Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска соопшти дека некои мигранти вратени од Унгарија во Србија биле жестоко нападнати од унгарската полиција и војска.
Во извештајот на ХРВ се наведува дека Унгарија по брза постапка ги одбила повеќето молби од мажи за азил и оти примала само околу 30 барања дневно во транзитните зони во близина на границата. Тоа довело до натрупување на стотици бегалци на границата во лоши услови.
- Унгарија ги крши сите правила за третман на барателите на азил, изјави регионалната истражителка на ХРВ, Лидија Гал.
Таа апелира до Европска унија да ги применува своите закони.
Во Унгарија од 5. јули мигрантите фатени до осум километри од границата, на која има ограда со бодликава жица, се враќаат во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
