ХРВ: Илјадници деца неосновано се апсат во зоните на конфликти
Илјадници деца се уапсени во изминатите месеци и години, без покренати обвиненија, во зоните на конфликти, каде властите често ги третираат малолетниците како закана за националната безбедност, објави во денешниот извештај меѓународната невладина организација „Хјуман рајтс воч“.
Организацијата ги повика државите итно да ја прекинаат таквата пракса и да се побара одговорност од земјите за случаи во кои децата биле злоставувани, малтретирани и убивани во притворите.
Во извештајот се наведува дека децата биле притворени според неосновани обвиненија и за наводна поврзаност на членови од нивните семејства со терористички организации.
- Таа пракса не само што е незаконска, туку и контрапродуктивна, изјави правничката на ХРВ, Џо Бејкер.
Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) го поздрави извештајот на ХРВ и побара од инволвираните земји да ги применат препораките.
Ново на Сител
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината