ХРВ ги обвини авганистанските сили за убиство на цивили во рација на клиника

Хјуман Рајт Воч (ХРВ) денеска побара од авганистанските власти да го истражат случајот од неделава за рацијата во медицинска клиника, во која теа наведуваат, авганистанските специјални сили убиле четворица цивили, наведува ДПА.
Во соопштението ХРВ наведува дека сведоци кажале дека специјалните сили во понеделникот доцна вечерта имале рација на клиника во дистриктот Деј Мирдад, во централната провинција Вардак.
Притоа тие убиле негувател и подоцна разделиле четири други лица за испрашување – директорот на клиниката, лаборант, чувар и друг негувател.
Сите, освен директорот, подоцна биле пронајдени мртви, со истрели од оружје, наведува ХРВ во соопштението. Селаните веруваат дека директорот бил земен од специјалните сили, се навдува во соопштението.
- Императив за авганистанската Влада е да ги гони командантите кои ги наредиле убиствата, како и војниците кои го повлекле орозот, вели Патриша Госман, директор на подрижницата на ХРВ за Азија .
Клиниката е водена од Шведскиот Комитет за Авганистан.
Тоби Ланзер, заменик-директор на мисијата на ОН во Авганистан, вчера изрази загриженост во врска со нападот, како и за воздушниот напад во провинцијата Газни, во кој двајца вработени во групата за итна помош беа убиени во неделата.
Меѓународното хуманитарно право ги обврзува сите страни да ги штитат хуманитарните работници, здравствените работници и инфраструктурата, рече тој.
- Каде ова нема да биде случај, инцидентите треба да бидат испитани и извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата”, рече Ланцер.
Според него,само годинава во Авганистан се убиени, повредени или киднапирани 77 хуманитарни работници.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
