Хотел во Њујорк нуди „дигитална детоксикација“ за двојки
Денес се чини дека најдолготрајни врски се оние меѓу човекот и неговиот паметен телефон.
Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снепчат, Ватсап... мема апликација со која не се служиме, дури и по напорниот работен ден кога се враќаме дома.
Наместо да разговараме, вечераме, гледаме филмови или да водиме љубов, се почесто се допишуваме или сега најново ловиме Покемони.
Со таква дигитална активност, не е чудно што е заборавивме како изгледа да се опуштиме со партнерот, без гледање во екран на своите паметни телефони. Со право се поставува прашањето дали би можеле да издржиме без технологија цел викенд?
А токму еден таков „дигителен детоксикациски“ викенд за двојки, нуди хотелот „Сенчуар“ во Њујорк. Хотелот е сместен на „Тајмс Снвер“ и на двојките им нуди пакет за бегство од секојневните активности, кои ќе им овозможат повторно поврзување без технологија.
По доаѓањето во хотелот, на сите заинтересирани двојки им се одземаат сите виови технолошки апарати, кои ќе бидат повлечени на некое сигурно место и вратени дури на заминувањето. Значи, ако мислите дека можете да издржите повеќе од два дена, само напред.
Ваквата понуда на многу двојки им звучи застрашувачки, истовремено звучи и многу интригантно, а сето тоа кажува колку навистина сме зависни од технологијата.
Но, ја поддржуваме понудата на споменатиот хотел, која на модерните двојки им нуди искуство на летување како од младите денови на нивните родители.
Ново на Сител
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа