Хоспитализирани 1.315 ковид пациенти, има околи 340 празни болнички кревети
Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопшти денеска Министерство за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 118, во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 57 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 10, Кавадарци 69, а во Гевгелија 23 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три примени пациенти и пет биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент. Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 263 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле нема пациенти.На Клиниката за Детски болести има 16 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК лежат 10 позитивни пациентки.
-Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
Од ресорното министерство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството, како што се наведува, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
