Македонија
8. July 2021 - 14:01

Хоспитализирана трудница позитивна на Делта сој, уште шестмина од семејството имаат симптоми

Трудница и нејзиниот свекор кои допатувале од Шведска хоспитализирани во една од приватните болници во Скопје со Делта варијантата на корона вирусот, објави денеска „Слободен печат“.

Како што пишува медиумот, уште шест - седум членови од ова семејство имаат симптоми, заради што се направени тестови и се чекаат резултатите.

Истовремено, во таа приватна болница, пишува „Слободен печат“, се хоспитализирани и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на Делта сојот.

Медиумот дознава дека еден од повозрасните пациенти во болницата, вчера бил интубиран и неговата состојба е неизвесна од час во час.

Ниту еден од позитивните и суспектните пациенти не бил вакциниран.