-->
-->
Хортикултурно уредување во Кочани
-->
Работната единица „Паркови и зеленило“ во состав на КЈП„Водовод“ од Кочани започна со хортикултурното уредување на зелените површини во повеќе делови на градот.
- Во наредните десетина дена се планира засадување на над 5.000 садници од хибридни сорти на цвеќиња во повеќе делови на градот. Ќе се уредува градскиот парк, кружниот тек, цветните жардињери во неколку населби на градот, како и по течението на Кочанска река, изјави Александар Ефтимов, технички директор во кочански „Водовод“.
Според Ефтимов ова е вонредна акција на нивното претпријатие за цветно украсување на градот, покрај редовните акции на РЕ „Паркови и зеленило“ кои се реализираат во текот на годината за одржување на парковите и зелените површини во градот Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради