Хороскопски знаци пред кои е тешка година

Новата година е време за нови почетоци и одлуки, но за некои хороскопски знаци, почетокот на 2020-та година ќе биде малку тежок.
1. Овен
Во почетокот на новата година ве очекуваат збунувачки вибрации, а тоа ќе предизвика чувство на вознемиреност поради тоа што вие секогаш се чувствувате сигурно во себе.
Овенот е знак кој навистина знае што сака и може да се чувствува многу фрустрирачки ако одговорот не е јасен. Овие личности сакаат да имаат јасни цели и чист пат пред себе, но ако планови им се измешаат, тие ќе бидат многу нерасположени.
Ве очекува тежок период, па можеби ќе треба да направите мала пауза. Одвојте време за да согледате што ви е навистина важно, а што не. Ако го направите тоа, 2020 година ќе биде период на вистинско созревање.
2. Бик
Биковите сакаат да уживаат во удобност и во стабилност, но Уран носи хаотични промени. Вие сте личности кои живеат живот кој секогаш се одвива по добро позната рутина, но сега ќе започне да станува непредвидлив, а тоа би можело да влијае на сè околу вас, од работата до врските.
Сепак, астрологијата за вас има добри вести затоа што лошиот почеток на 2020 година ќе заврши со неколку добро научени лекции. Целта на овој транзит е да се ослободите од тврдоглавоста. Ако успеете да го направите тоа, ќе откриете дека можете да создадате удобност и стабилност и внатре во себе, а не само надворешно.
3. Вага
Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат работите да бидат балансирани, па лошиот почеток на 2020 година ќе направи да се чувствуваат дезориентирано и како да не знаат што да направат следно во животот. Но, колку и да е збунувачко, тоа нема да трае долго, а можеби дури и ќе научите нешто ново за себе во тој процес.
Имајте на ум дека рамнотежата може да постои во еден момент, а во следниот да ја снема. Но, вашата стабилност ќе дојде подоцна во следната годината, откако ќе ги научите лекциите што за вас ги подготвиле Сатурн и Плутон.
4. Јарец
Личностите родени во овој хороскопски знак ќе се чувствуваат како нивниот живот да не е на добар пат. Бидејќи овие личности ја вреднуваат напорната работа и амбициозноста, во почетокот на новата година ќе се чувствуваат изгубени додека да сфатат кој е нивниот следен потег.
И покрај тоа што ве очекуваат тешки моменти, научете да слушате и интегрирајте го она што ви се нуди, дури и ако тоа не е она што го сакате.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
