Македонија
9. July 2023 - 18:28

Хорор во Свети Николе: Маж ги силувал двете малолетни ќерки на неговата невенчана сопруга

40 годишен маж од Свети Николе ги силувал двете малолетни ќерки на неговата невенчана сопруга.

- На 08.07.2023 во 01.50 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Ј.П.(40) од Свети Николе, постапувајќи по пријава од неговата невенчана сопруга, според која тој извршил обљуба врз нејзините две малолетни ќерки, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.